„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Како изгледа ќелијата во Шутка каде ќе биде сместен Груевски ако го екстрадираат - Андов отвори ново приемно одделение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
gruevski-andov-1

Директорот на затворот „Скопје“ во Шутка, Филип Андов, изгради нови капацитети во приемното одделение, без буџетски средства. Тој посочува дека ќелиите се направени од сопствени средства, се граделе околу два месеци, а вклучени биле и затвореници кои издржувале казни. Токму условите во ќелиите беа една од пречките за Унгарија да го испорача експремиерот Никола Груевски, а директорот Андов за „Скопје1“ посочува и каде ќе биде сместен. Во разговорот зборува и за состојбата на притворените осомничени лица за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, безбедносната состојба во затворот, за притворениците од случајот „М-НАВ“.

— реклама —

„Изградивме нови капацитети во приемното одделение во казнено-поправната установа ‘Скопје’. По повеќе децении, без да се чепне од буџетот, со сопствени средства и со затворениците, направивме ќелии кои ги исполнуваат сите стандарди. Со ова овозможивме нови дваесетина легла, нов инвентар, душеци. Направивме нова бања, со тушеви, нови санитарни јазли. Целта е да покажеме дека раководењето не подразбира наредбодавање, туку одговорност и инвестирање, без разлика на потешкотиите со кои ќе се соочиш. Ги знаеме извештаите кои ги добиваме како од домашните институции, така и од меѓународните, постапуваме по нив и се подобрува. Токму тоа го покажуваме и со новите капацитети“, рече директорот Филип Андов.

Прашан дали доколку Груевски биде екстрадиран, ќе биде сместен во некоја од овие ќелии, Андов одговори потврдно.

— реклама —

„Експремиерот би бил сместен во новото приемно одделение кое го споменав претходно, а е изградено сега. Како и сите други осудени лица, ќе има и соодветна класификација на степен на ризик, која се прави за сите затвореници“, додаде Андов за „Скопје1“.

Еден од факторите поради кои Унгарија одби да го екстрадира Груевски е поради безбедносната состојба, за која директорот на затворот уверува дека е на највисоко ниво. За разлика од затворот „Идризово“, во затворот во Шутка – нема вонредна состојба.

„Безбедносната состојба е на високо ниво и редовно се прават контроли согласно сите постапки и правила“, посочува директорот.

Притвор во затворот издржуваат и осомничените за организација и реализација на убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Андов посочува дека некои од нив се носат и на контроли во болници, без да прецизира кои од притворениците.

„Изолирани се во посебни ќелии , здравствената состојба ја следи домскиот лекар и по негово укажување се препраќаат и носат на посебни прегледи на соодветни клиники, за сите претворени лица во овој случај безбедноста е на високо ниво и се со посебен режим , достава на храна, прошетка на чист воздух“, посочува Андов.

Осомничени за упадот во М-НАВ се исто така зад решетки во затворот „Скопје“ во Шутка, прашан за нивната здравствена состојба и дали имаат некакви барања, директорот Андов вели: „Досега немаат доставено ништо, ниту се имаат пожалено на здравствената состојба“.

Според него, затворот за четири години е значително променет, како во однос на стручност на кадар, така и во делот на условите за затворениците.

„По моето доаѓање од 2020 година до 2024 година веќе три години како што сум на раководната позиција, променети се повеќе работи во делот: градежни активности, исхрана, вработување, обуки, предавања, изградба на нови капацитети, изградба на нова кружна патека, обезбедени се поголем број на кучиња, зголемена безбедност со видео надзори, фото-волтаици за обновлива енергија. Во моментот сме на добар пат со заеднички сили заедно со Управата за извршување на санкции, Министерството за правда и Владата на Република Северна Македонија. Исто така постапуваме по сите препораки на СИПИТИ, како и имаме голем напредок во борбата против корупција“, додава Андов.

Во казнено-поправната установа е зголемен и бројот на нови вработувања во затворската полиција, како и во секторот за ресоцијализација и администрација. Но и покрај ова, постојано има потреба од ангажирање на нови кадри, поради пензионирање на вработени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања