Невремето во Скопје предизвика голем број на штети, а поплави и улици низ градот. Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.
https://twitter.com/ddimkooooo/status/1564639500676087808?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
https://twitter.com/Mukomanche/status/1564640779003645952?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
https://twitter.com/UcitelkataMila/status/1564640478502551552?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
https://twitter.com/Gogiche/status/1564644468233568256?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
https://twitter.com/Bate_shefe/status/1564644135457460231?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
https://twitter.com/UcitelkataMila/status/1564644781883625475?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
(ВИДЕО) Без коментар: Брза помош заглави во поплава кај стоковната куќа „Мост“
Возило на Брза помош со екипа која одела или се враќала од интервенција, заглави кај поплавениот подвозик на стоковната муќа „Мост“ близу Бит Пазар. Возачот неколку пати се обиде да тргне со возилото, но безуспешно. Вратите на возилото беа буквално под вода. Комбето, не можеше да се мрдне ниту назад, ниту напред. На социјалните мрежи се коментира дека допрва ќе ја плаќаме цената за негрижата за градот. Ова не е првпат на овој дел од Скопје да има поплави. Подвозикот и при помало невреме, тоне во вода. Состојбата е вака со години, иако беа дадени куп пари за негово реновирање.
Скопје | пред 3 години
(ВИДЕО) Страшна снимка од поплавен стан во Аеродром
На социјалните мрежи се појави видео од поплавен стан во Аеродром.Според описот на видеото, станува забор за нов стан кај Мајчин Дом.„Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен“, стои во описот на видеото, а под истото е објавено уште едно видео кое е снимено во влезот на зградата.На истото се забележува како вода тече по скалите.https://twitter.com/_ferchina_/status/1564650766656311297?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA
Скопје | пред 3 години
(ВИДЕО) Хаосот во Аеродром не запира, поплавени и паркирани возила
Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.Најкритично со невремето беше во центарот на Скопје, како и во Аеродром и Кисела Вода. Поплавени се булевари, подвозници, но и автомобили. На булеварот „Јане Сандански“, дел од возачите ги оставиле своите возила среде улица, бидејќи се поплавиле и не можеле повеќе да управуваат со нив. Низ трговските центри, поплавени се дуќани. Таков е случајот со „Бисер“.На булеварот Јане Сандански и натаму има оставени автомобили во вода, а нивните сопственици се повлекоа на страна. Поплавени се дури и пешачките патеки.
Скопје | пред 3 години
(ВИДЕО) Се поплави и „Ист гејт“
Освен трговскиот центар „Бисер“ каде дуќанџиите се бореа со невремето, се поплави и новиот трговски центар „Ист гејт“. На приземјето, вода се излева од влезот. Дел од неа, навлезе и кај неколку дуќанџии. Ова доаѓа откако се поплави и улицата пред трговскиот. Засега непознато е каква е состојбата со подрумите и гаражите.Во Аеродром се поплавени и паркирани возила на булеварот АВНОЈ, но и на споредни улици. Десетици коли се заглавени, а дел од нив и наполнети со вода. Улиците на овој дел од Скопје буквално пливаат во вода. Силниот град искрши и шофершајвни на возила во движење низ Скопје. Градот Скопје го свика кризниот штаб.
Скопје | пред 3 години
(ВИДЕО) Силно невреме во Аеродром, поплавени дуќани во трговскиот „Бисер“
Силно невреме го зафати дел од Скопје. Град, ветер и дожд за момент направија хаос во Аеродром. За неколку минути, овој дел од градот беше под вода. Во трговскиот центар „Бисер“ им се поплавуваат и дуќаните лоцирани на подолните катови. Се слушаат и силни грмотевици.До петок ќе се задржи нестабилно време, претпладне претежно сончево, а во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.Максималните температури до понеделник ќе се движат во интервал од 30 и 33 степени.
Скопје | пред 3 години