(ВИДЕО) Какви мерки се на располагање пред воведување полициски час, открива „360 Степени“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
karadzoski

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во дебата на „360 Степени“ зборуваше за состојбата со Ковид-19 и за новите мерки за спречување на ширење на вирусот кои ги донесе Собранието и што следно може да се направи пред воведување на полициски час.

— реклама —

„Од иднава недела правиме напори одредени одделенија кои во моментов не функционираа како Ковид-центри да ги претвориме во одделенија кадешто ќе можеме да зголемиме број на хоспитализирани пациенти. Пред се одредени интернистички одделенија во државата ќе се претворат во Ковид-одделенија. „8 Септември“ истото што го правеше во април и мај ќе го прави и сега. Плус Институтот за белодробни заболувања во Козле ќе биде Ковид-центар со 60 кревети, меѓутоа и три клиники за коишто размислувавме, тоа е Дерматовенерологија, Ревматологија па дури и Институт за ТБЦ. Меѓутоа пред да дојдеме до таму имаме уште неколку опции, а тоа се интернистичките одделенија во сите клинички болници низ државата, вели Караџовски.

— реклама —

Тој вели дека секогаш има можност мерките да се направат построги но според препораките на СЗО, треба да се искористи се друго што ни стои на располагање.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања