Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Камери го снимиле убиството во Грција: од четворица присутни, мета биле Оки и другарот, две жени сведочеле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Начинот на кој бил убиен македонскиот државјанин Орхан Бајрами – Оки, покажува дека се работи за нарачано убиство, велат грчките медиуми. Сепак, останува истрагата да го докаже тоа. Според грчкиот портал „Ин.гр“, убиството е снимено. Тие објавија снимки од вилата во која биле сместени убиениот, неговиот другар и двете жени.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

[embed]

NbWbIAdFeXs[/embed]

Како што се додава, во моментот на убиството Оки бил со своето друштво во дворот од апартманот на Халкидики, каде се криел. Тој заедно со уште еден пријател и две женски лица, седеле во дворот кога се појавиле 2 лица на мотор и отвориле оган врз него. Со 19 куршуми било пукано во Оки, кој починал веднаш, неговиот пријател бил тешко ранет, а во женските лица не било пукано.

Во овој контекст, се поврзува мафијашката егзекуција на 39-годишниот со уште едно убиство пред околу три месеци во Скопје.

Според тврдењата, Оки бил познато име во подземјето и организираниот криминал на Македонија. Тој бил еден од водечките членови на подземната група во Скопје, наречена Дуканџик (Пазарџии).

Информациите говорат дека со месеци во Скопје се води војна меѓу криминалните групи на подземјето, при што групата на Оки е цел на ривалска мафијашка група. Како што тврдат, 39-годишниот всушност се криел во Грција знаејќи дека тој е следната цел.

Според информациите, се работи за бизнисмен, кој бил сопственик на казина во Македонија и фабрика за алкохол во Скопје.

Истрагата е во тек и треба да покаже дали навистина се работи за нарачано убиство и од кого.

Се претпоставува дека веднаш по нападот, осомничените ја преминале границата кон Македонија каде се информирани македонските власти, пишуваат грчките медиуми.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања