Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(ВИДЕО) Камиказа ќе оживува Скопје, чистејќи го од градската администрација и отпадот по улиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Screenshot-2021-09-28-at-08.23.33

Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје од Левица ја започна изборната кампања за локалните избори. Преку видео спот се обрати и на сите скопјани, на кои им порача дека градот мора повторно да биде метропола. Смета дека треба да се исчисти ѓубрето од улиците и од градската админситрација. Тој тврди дека има план за развој на градот.

— реклама —

„Нашиов град има преживеано се и сешто. Горештини, студови, окупации, огнови и земјотреси. Но денес се соочува со најопасната болест, корупцијата која ги загрозува нашите и животите на идните генерации. Корупцијата на т.н. лидери не има доведено до распаѓање, каде младите се безнадежни и масовно се иселуваат. Се сеќавам на не така одамна кога граѓаните на Скопје ги шетаа улиците на македонската метропола со гордост. Кога Скопје беше идиличен град. Време е да ги потсетиме штетниците чиј е овој дом, чиј е овој град. Време е да го исчистиме ѓубрето од улиците, како и од градската администрација. Време е да ги потсетиме постарите на спомените и да им овозможиме на младите да создаваат нови вредности. Можеме а и мораме да го направиме Скопје метропола. Овојпат уште поубава и посветла. Во раните '90 ја оживеав македонската музичка продукција. Пред некоја година со огромна желба за живот се вратив од т.н. физичка смрт. Со ваша помош повторно ќе го оживеам нашиот роден град“, вели Петар Георгиевски Камиказа, кандидат за градоначалник на Град Скопје.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања