Тодора Димитровска кандидатка за градоначалник на општина Куманово, на социјалните мрежи објави видео во кое се пожали дека не била повикана на дебата со останатите кандидати, а воедно и ја презентираше својата програма.
„Јас како најмлада кандидатка но и првата жена во историја на градот Куманово добив одговор од телевизијата Алсат дека немаат доволно технички средства за да можам да бидам присутна на оваа дебата. Иако самата се понудив дека не ми е потребно столче и дебатата може да се одвива со стоење, сепак уредниците и одговорните во телевизијата не го овозможија тоа па затоа денес јас бев приморана програмата која што сакав да ја претставам на денешната дебата морам да ја презентирам на овој начин“, вели Димитровска во видеото.