Граќанската иницијатива Независни за Карпош, вчера вечер објави видео од населбата Козле.
На објавеното видео може да се забележат крупни камења кои се паднати на улица, а најверојатно истите биле транспортирани за потребите за изградбата на новите згради. Од граѓанската иницијатива велат дека за ова се добиваат казни, а градоначалникот утрово има нова работна задача.
„Се наоѓаме во Козле, каде што се градат елитни згради. Еве гледајте. За ова се кркаат казни. Така да градоначалникот утре кога ќе стане ќе си има работна задача“, се вели во видеото.