Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вчера упадна на протест на лозари со блокада на патот Прилеп - Градско кај Росоман. Таму беше и претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој беше обвинет од Димковски дека го организира протестот без да се произнесат кои се проблемите и барањата. Трипуновски пред групата рече дека е дојден на блокадата за да даде поддршка, а не за да ја организира.
Земјоделците побараа оставка од министерот кој се затекна на протестот, а од владеачкиот СДСД потоа излегоа со соопштение дека се работи за присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова, секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од Трипуновски.
Димковски потоа реагираше дека Трипуновски во иднина сака да биде министер за замјоделство, односно да дојде на неговата позиција.
Изборот е ваш“, напиша Димковски на социјалните мрежи.
Трипуновски пред присутните го повика на ТВ-дуел за актуелните случувања во земјоделството, а Димковски го прифати предизвикот и му порача да одбере време и телевизија.