„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Казнети 40 возачи на мотори, задржани 13 мотори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
moto4

Во периодот од 19.30 на 05.09.2019 до 01.00 часот на 06.09.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли.

— реклама —

При контролата откриени се 40 возачи на мотоцикли кои сториле прекршоци, за што им се издадени исто толку прекршочни платни налози. Покрај тоа, поради основи на сомнение за техничка неисправност (создавање бучава) одземени и задржани се 13 мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.

— реклама —

Исто така, откриени се и 43 останати прекршоци за што се издадени 19 мандатни платни налози и 24 прекшочни платни налози.

Во периодот од 01.01.2019 до 31.08.2019 на територијата на Скопје санкционирани се 1111 мотоциклисти.

Министерството за внатрешни работи и во наредните денови ќе продолжи со зајакнати акциски контроли со цел санкционирање на прекршителите на законите.

IX07Q5lOgJc

pC8uc2O0_PY

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања