СИНОЌА КЕЈОТ ВО ОХРИД ИЗГЛЕДАШЕ ВАКА:
Охрид кој синоќа беше преплавен со туристи и утрово повторно по којзнае кој пат го раздена центарот на градот преплавен со ѓубре, уште во 7 часот утрово е чист, среден и скоро и да не се познава дека до утрото млади лица се пијанеле, јаделе и фрлале ѓубре по улиците, шеталиштата, парковите и во самото езеро.
Екипите на ЈП ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ го светнаа градот кој во 7 часот наутро беше чист како ѓубре никогаш да немало, а повозрасните луѓе и останатите кои живеат нормален живот од рано утро беа на кејот и по шеталиштата каде спортуваа.
Погледнете на видеото како еден повозрасен господин се релаксира и спортува на кејот во Охрид.