„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Кекеновски: Заев и Мицкоски како ,,грнче и капаче”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Fotografija-1

На прес конференцијата Јове Кекеновски претседател на ФРОДЕМ кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија рече:

— реклама —

СДССМ и Зoран Заев упорно бараат сите граѓани солидарно да го понесат товарот на кризата. Упорно како сиве овие години наназад сакаат да јаваат на грбот на граѓаните. Кога политичарите од партијата која го овозможи најголемиот грабеж на општествениот капитал од страна на дваесетмина ним блиски бизнисмени, бараат од осиромашениот и соголен до гола кожа граѓанин солидарно да го понесе товарот на кризата, тоа укажува на бесрамност, амнезија, недоговорност и лицемерност, истакна Јове Кекеновски претседател на ФРОДЕМ кое е дел од Коалицијата „Никогаш северна - само Македонија.

ФРОДЕМ како дел од Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” е на ставот доколку Заев за време на премирувањето беше вистински премиер, а не премиер кој перфидно и суптилно ги копираше постапките на неговиот претходник Груевски и неговата фамилија, денес немаше да кажува бајки за солидарност.

— реклама —

Од друга страна наводниот опонент на Заев и СДСМ, Мицковски и ДПСМНЕ, наместо да се грижат за граѓаните, тие приоритетот во оваа криза го ставаат на финансиска помош на бизнисмените. Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија” му порачува на Мицковски наместо да бара пари за бизнисмените, јаво да побара неговите поранешни партиско претпоставени сопартијци (сега осомничени и обвинети средно и многу богати бизнисмени), на кои тој им служеше додека тие го пљачкаа македонскио граѓанин, доброволно да ги вратат украдените пари и целиот нелегално стекнат имот во посебен Фонд за помош на граѓаните во оваа тешка ситуација.

Во таа насока Коалцијата ,,Никогаш северна, само Македонија” им порачува на Заев и Мицковски наместо да глумат опоненти и наводна загриженост, ургентно да се солидиризират со банкарите и со големите бизнисмени кои им се под контрола и чие неизмерно богатство им го овозможија партиите чии лидери сé, и заеднички ургентно да формираат посебен доброволен ФОНД за помош на граѓаните на Република Македонија во оваа тешка здравствена и економска криза.

фото и видео: Единствена Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања