„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Кирацовски: Нов регионален центар за слепи лица во Битола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Денес ми е драго што сум тука на овој значаен момент за Битола, на отворањето на овој значаен објект. Денес, Битола добива регионален центар за лицата со оштетен вид кој ќе се простира на 500-тини метри квадратни, со сите неопходни услови за нашите сограѓани со попреченост, изјави Александар Кирацовски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

X-mr4n9-qZU
— реклама —

„Имено, станува збор за современ регионален центар којшто ќе ја има комплетната неопходна инфраструктура ќе биде опремен со најсовремена технологија по највисоките стандарди којшто комплетно ќе ги обезбедат и потребите и барањата на лицата со оштетен вид.

Драги пријатели, грижата за лицата со попреченост воопшто е еден од првите императиви на Владата на Република Македонија, на МТСП, на парламентарното мнозинство, а како што гледате и на локалната самоуправа. Ние во духот на концептот едно општество за сите решивме да го иницираме овој проект се со цел да обезбедиме еднакви можности за развој и за живот на сите наши сограѓани“, вели Кирацовски.

cFqoSENunTg

Тој додаде дека статусот, но и грижата за овие наши сограѓани, во минатото, значи зборувам за лицата со оштетен вид, како и севкупно на лицата со попреченост во изминатите години беше на многу ниско ниво, затоа решивме комплетно да се посветиме на решавањето на проблеми на овие драги наши сограѓани и да ги обезбедиме сите неопходни услови за тие да имаат нормален живот како и сите наши останати сограѓани.

„Токму денешниот ден, иницирањето и изградбата на овој регионален центар оди во таа насока. Јас се надевам дека токму овој центар ќе биде пример за сите општини во Република Македонија, впрочем и пример за целокупното општество, како и на кој начин треба да се обезбедат неопходните услови за нормален живот на нашите драги сограѓани, лицата со попреченост“, изјави Кирацовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања