„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
most

Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец. Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе неможе нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот, истакна Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта.

— реклама —

Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и  со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.

Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.

— реклама —

Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас, истакна Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта.

видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања