(ВИДЕО) Ќе има спектакл во МОБ, Нацевска ги собира сите вљубеници во операта на едно место

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
309994070_5857442954300027_2370220080118125935_n

Соло-пејачката Ивона Нацевска за нешто повеќе од еден месец, ќе одржи свој солистички концерт во фоајето на Македонска Опера и Балет. На 22-ри ноември, во 20 часот, концертот насловен како „Рецитал на Ивона Нацевска – сопран и Андреј Наунов – уметнички соработик“ ќе ги собере сите љубители на уметноста на едно место. Нацевска има поддршка и од бројни компании кои застануваат зад нејзиниот концерт.

— реклама —

— реклама —
Pmoz5Ir-QSE
— реклама —

Инаку, Нацевска не е само млада оперска пејачка туку и уметник која целиот свој живот го посветила на музиката. Зад неа, има бројни натпревари, концерти и настапи. Родена е во Тетово, има 23 години и веќе руши бариери. Таа почнува како пијанист, а подоцна станува и изведувач. За себе ќе каже: „бев поттикната од големите оперски изведувачи“.

5G-LHL-UiWM

За да стигне до концертното изведување кое треба да направи уметнички „хаос“ и да биде најдобро меѓу најдобрите, Нацевска своето пеење го усовршила на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Дипломирањето е проследено со концертот на кој се поканети сите кои се вљубеници во операта, но и сите кои дури и за првпат би сакале да присуствуваат ва ваков настан.

wZu5ee_BUs8

Во текот на изминативе години Ивона има остварено награди на меѓународни и државни натпревари.

Концерти посветени на руската романска во Софија (Бугарија), оперски гала концерт „Коста Трпков“, концерт на „Живеј со музика“, „Креативни точки“ - 2017, „Креативни точки“ – 2019, „My Way“ – 70 години на маестро Ивица Зориќ, се само дел од настаните на кои Нацевска има оставено свој белег, и кој упорно чекори и тежнее кон поголеми музички остварувања.

Ивона Нацевска моментално е вработена во НУ Национална опера и балет.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања