„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(Видео) Ќе ве здоболи глава кога ќе чуете каква рутина има милионер кој сака да живее вечно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Медиасет
media-libraryhge3i5mf62epfob474A

Американскиот милионер Брајан Џонсон (48) повторно предизвика лавина реакции на интернет со својата екстремна утринска рутина, која ја опиша до најситни детали – и тоа со една цел: да си го продолжи животот. Додека едни ја фалат неговата дисциплина, други иронично забележуваат дека „повеќе се труди да не умре, отколку да живее“.

— реклама —
TvhJn_U4WR8

Џонсон, кој се збогати со продажбата на својата компанија Braintree на PayPal, во гостување за подкастот The Burnouts раскажа дека неговиот ден почнува секое утро во 4:30 часот.

— реклама —

Од моментот кога ќе стане, го мери односот меѓу мускулната и масната маса, па веднаш потоа спроведува „светлосна терапија“. Следуваат филтрирана вода, десетици суплементи, па строго избалансиран појадок – комбинација од бобинки, протеини, маслиново масло и колаген. До 5:30, веќе ја проверува квалитетата на воздухот во домот и температурата на телото, по што следува интензивен тренинг, кој го нарекува „омилен дел од денот“.

Потоа – сауна со мраз, втора рунда светлосна терапија, терапија со ударни бранови, оброк наречен „супер зеленчук“, вежби на висински симулатор и 90-минутна хипербарична терапија со кислород.

Рутината на Џонсон предизвика силна дебата на социјалните мрежи. Многумина ја нарекоа опсесија со бесмртноста, додека други иронично коментираа: „Тој поминува четвртина од животот обидувајќи се да го продолжи – наместо да го живее.“

„Братот поминува повеќе време не умирајќи, отколку живеејќи“, стои во еден од коментарите.

Корисниците на платформите го нарекоа „жив прототип на Black Mirror“, додека некои се запрашаа дали воопшто има време за нешто друго освен биолошка оптимизација.

И покрај критиките, Џонсон тврди дека неговиот експеримент носи реални резултати. „Имам срце на 37-годишник и капацитет на белите дробови како 18-годишник,“ изјави тој, додавајќи дека редовно ги следи сите медицински параметри. Сепак, критичарите остануваат скептични: иако неговото тело можеби старее побавно, прашањето е – дали неговиот живот навистина оди напред.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylpgbee60l5an28D6MqO

Крипто милионер и сопругата убиени во Дубаи по неуспешен обид за изнуда

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања