Активистите на движењето за животна средина Бунт против истребување утрово протестираа на аеродромот Лондон Сити, и имаа намера да го парализираат и мирно да го окупираат три дена, a успеаја да предизвикаат само одложување на еден лет.
По реакцијата на полицијата, уапсени биле неколку активисти пред аеродромот, но и на аеродромската писта. Поради нивниот протест, предизвикале доцнење на еден лет.
„Да се напаѓа аеродром и вака да се попречуваат патниците е целосно неприфатливо и неодговорно. Лицата кои ги прекршуваат законите се уапсени и ќе бидат процесуирани“, стои во соопштението на лондонската полиција.