Во киевската подземна железница избувнал инцидент откако патничка почнала да извикува проруски слогани, соопшти полицијата.
Според информациите, нејзиното однесување предизвикало гнев кај друг патник, кој ја нападнал и ја удрил жената.
До сознанието за случката, полицијата дошла на 17 јули, преку видеа објавени на социјалните мрежи.
На снимките споделени преку „Телеграм“ се гледа жена како ја фали Русија – земјата агресор – што предизвикало остри реакции од другите присутни во вагонот.
Во тек е полициска истрага за идентификување на сите инволвирани лица и за утврдување на правната квалификација на настанот.
Полицијата ги повика граѓаните да се придржуваат до законите и да пријавуваат вакви прекршувања.