Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(Видео) Коциќ: Мицкоски прави упад и ја загрозува истрагата за Онкологија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Со денешната постапка Христијан Мицкоски се обидува да изврши упад и ја загрозува истрагата за Онкологија, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ.

— реклама —


Пратеникот верува дека ако навистина има докази Мицкоски треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство.

— реклама —


„Од каде знае Мицкоски дека овие информации веќе не се дел од истрагата? Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија. Прикривање докази исто така е кривично дело. Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и прашање е која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата. Очекуваме реакции од надлежните институции за овој чекор на Мицкоски“, вели Коциќ.


[embed]


Како што додаде, одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има без пардон, независно од политичката или етничка припадност.


После 20 години, гласини и индиции во голем број на сектори, а особено во здравствениот сектор, вели Коциќ, за првпат во време на СДСМ институции влегоа и направија акција за расчистување. Одговорност ќе има за сите, уверува тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања