Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

(Видео ) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси. Владата предводена од СДСМ донесе Одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“, истакна на прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Со тоа продолжуваме да ги користиме сите механизми за да спречиме отворање на рудници во Струмичкото поле. СДСМ од прв ден беше против и се уште е против отворање рудници, за разлика од ДПМНЕ кои денес лицемерно глумат загриженост, а впрочем токму тие ја дадоа концесијата за рудникот Иловица, како и други 85 концесии за рудници. Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година“, вели тој.

— реклама —

[embed]

— реклама —

Се повика на документ за кој како што рече го потврдува тоа.

„На оваа одлука потпишан е Зоран Ставревски како тогашен Заменик претседател на Владата, еден од најблиските соработници на бегалецот и почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски. Пред доделувањето на концесијата претходеле позитивни мислења од неколку државни органи. Тоа е овој документ, каде се издвоени позитивни мислења од неколку институции. Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Паско Кузман, тогашен директор на Управата за заштита на културното наследство, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, се само дел од тогашните функцинери од ДПМНЕ и коалицијата кои даваат поддршка за отворање рудник во „Иловица“. Позитивно мислење даваат и општините Ново Село и Босилово, тогаш раководени од градоначалници и мнозинство во Совет од редовите на ДПМНЕ“, појаснува пратеникот на СДСМ.

— реклама —

За разлика од нив, како што вели, Владата предводена од СДСМ уште од старт на мандатот презема чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и затоа рудниците не се отворени до ден денеска.

„Во јуни 2019 Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на Договорот за концесија, а во декември истата година, истата Влада на СДСМ носи Одлука за едностран раскин на Договорот за концесија. Тоа е вистината за концесиите, дозволите и одлуките за рудникот за бакар и злато во Иловица. ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност, ја втурна државата во судски лавиринти во кои се уште е заглавена“, додава Кочиќ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања