Јово Вангеловски два мандати по ред е претседател на Врховниот суд. Првпат беше избран во 2008 година, само неколку месеци откако дојде на функцијата врховен судија. Втор пат во 2017 година. Претходно работеше како како адвокат, без ниту еден ден судски стаж.
При изборот за претседател на Врховниот суд тогаш, во контекст на неговото понатамошно одлучување, акцент беше ставен врз неговите кумски врски со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Ако боде очи кумството, јас ќе ја исправам таа слика“, рече тој.
Вангеловски во 2015 година беше споменуван и во бомбите на кои можеше да се слушне негов разговор од 2011 година со министерот за транспорт Миле Јанакиески, за случајот „Глобал“.
Вангеловски важи за еден од судиите со најголем имот. Денеска беше оневозможенапроверката на анкетните листови за имотната состојба на функционерите на страницата на Антикорупциската комисија, но според имотниот лист од 2014 година, Вангеловски со сопругата поседувал 4 станови, 4 возила, деловен простор и градежно земјиште, дивиденда и хартии од вредност.