Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ, со духовит одговор реагираше на прашањето кој е најголемиот српски спортист на сите времиња – Новак Ѓоковиќ или Никола Јокиќ.
За време на едно интервју, Богдановиќ беше запрашан кого го смета за српскиот GOAT (најголем на сите времиња).
„Ѓоковиќ, затоа што е поблиску до пензија“, рече Богдановиќ, по што се оддалечи од микрофонот, очигледно сакајќи да избегне дополнителни споредби и нови незгодни прашања.
Новак Ѓоковиќ се смета за еден од најголемите тенисери во историјата, додека Никола Јокиќ е трикратен МВП на НБА лигата и еден од најдоминантните кошаркари на денешницата. Богдановиќ со својот одговор успеа да избегне директно споредување на двајцата спортски великани, а воедно ги насмеа и љубителите на спортот.