„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

(Видео) Кој е убиецот од болницата во Бардовци: Слободно шетал, пиел по кафеани, снимал насилство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
Screenshot-2025-08-05-at-21.29.35

Убиецот Димитар Спасов, кој пред 13 години ја уби мајка му, сега усмрти осуденик со кој престојувал во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци. За морбидниот чин искористил стаклено шише, а до инцидентот, според информации на „Скопје1“ дошло по кавга за легло. Во кругот на болницата, убиецот е познат како проблематичен пациент, со кој тешко се справувале и вработените.

— реклама —

Но и покрај ова, подолго време, Спасов бил гледан и низ Ѓорче Петров, што укажува дека тој слободно и без надзор ја напуштал установата. Иако бил чуван од полиција, истата била повлечена од правосудните органи, па тој слободно излегувал и се враќал во болницата. Низ скопските улици бил забележан со уште еден хоспитализиран пациент во Бардовци, кој исто така извршил убиство на член на неговото семејство.

— реклама —

За насилното однесување, сведочат и снимките кои сам ги споделувал, каде повикува друго лице на физичка пресметка, за да му покажел, како што вели, како тој мава боксови.

— реклама —

Друга снимка пак сведочи како на друг цимер му дава насоки да претепа хоспитализиран пациент. Се слуша „не го тепај, отепај го, по славина, по ребра, во глава“.

Во установата пак, слободно консумирале и алкохол, што значи дека не им бил забранет. Според извори на „Скопје1“, имало и поплаки од него и неговото однесување. Вработени се жалеле дека добивале закани по нив, но и по нивните семејства, дека ќе им наштети доколку не му ги исполнат желбите.

Дека функционирал слободно, сведочат и неговите профили на социјалните мрежи. Дури, седел и по кафеани, со ракија и салата пред него. Нема еден, туку два профили на „Фејсбук“.

Овие објави и негови дејствија го отвораат прашањето за тоа дали неговиот третман требало и треба да продолжи во психијатриската болница, но и дали околината е безбедна доколку тој по првото убиство шета слободно, споделува насилни содржини, има пристап до социјални мрежи, а од неговото однесување има поплаки.

За потсетување, Спасов ја уби сопствената мајка на 23 годишна возраст, која работела како хигиеничка. По убиството се огласи на „Фејсбук“ каде напиша „Фала ви на сите, г...а, еве ви ја, ја заклав, ја угушив“.

Во психијатриската болница „Скопје“ во Бардовци, Спасов е сместен уште од 2012 година. Првата одлука за ваков третман ја донесе велешкиот суд, откако психијатри од Клиничкиот центар во Скопје го прогласија за непресметлив. Според вештите лица, Спасов во моментот на убиството на мајка му, бил во параноична халуцинирачка состојба.

По убиството на пациентот, тој и натаму е во болницата, затворен во собата каде го изврши злочинот. Жртвата на Спасов, е лице со иницијали И.Т., чие тело е предадено на обдукција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања