Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(Видео) Кој ќе се смее последен во „Претрес“: Стефан одговара за Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите, арените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Магазин
media-librarykbkidl10mcth07YePmn

Две арени во „Борис Трајковски“, промена во најавениот настап со Тони Михајловски, политички имитации, министер во фамилијата и прашањето колку пари може да заработи еден комичар во Македонија. Стефан Николовскиво моментов одговара на овие прашања во „Претрес со Ландов“, каде што хуморот ќе биде тема, но не и гаранција дека сите прашања ќе му бидат смешни.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

— реклама —

Николовски се подготвува за два големи настапа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, на 12 и 13 ноември. Првиот предизвика голем интерес, а сега следува предизвикот да ја наполни и втората арена. Колку чини таква продукција, колку се заработува од продадените билети и дали успехот на сцената значи и финансиска сигурност?

— реклама —

Една од важните теми ќе биде Тони Михајловски, чиј претходно најавен настап повеќе не е дел од програмата. Што се случило меѓу двајцата, кој ја донел одлуката за промената и дали зад неа стои недоразбирање, деловна причина или нешто сосема друго?

Ќе се отвори и прашањето за односите со Тино и Атанас, со кои Николовски претходно настапувал, како и за конкуренцијата и пријателствата на македонската комичарска сцена.

— реклама —

Но, разговорот нема да остане само на стендапот. Николовски ќе биде прашан и за неговите односи со политичарите, имитациите, дружењето со градоначалници и роднинската поврзаност со министерот за култура Зоран Љутков. Дали политичарите го сакаат неговиот хумор и кога е насочен кон нив? Би прифатил ли да стане градоначалник на Велес и дали некогаш размислувал за политичка кариера?

На маса ќе бидат и прашањата за Театар Комедија, неговото отсуство од „Ало, ало“, ангажманите во велешкиот театар и соработката со режисерот Милчо Манчевски на филмот „Збогум, Копакабано“. Ќе се разговара и за новите проекти, приватниот живот, колекцијата часовници и она што Николовски го изгубил или жртвувал на патот до големите сцени.

Од прашањето „Чиј е Аце?“ до тоа дали комичарите во Македонија живеат подобро од оние што ги имитираат – вечерва во „Претрес“ со Стефан Николовски.

Емисијата започнува во 21 часот, а може да се следи во живо на landov.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygl8t90d0taufa0rQnIk

(Во живо) Стефан Николоски за откажаното гостување на Тони Михајловски: „Многу ми е криво, со цело срце го поканив“

Студио | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) Со „комшиски врски“ станала обвинителка: Ме фати за рака и ме однесе во обвинителството

Македонија | пред 4 дена

media-library2dboi6d0478e3ZPW6jP

(Видео) Јавната обвинителка Раичевиќ не верува дека довербата во правосудството е само 2 отсто: „Ова е еден вид мобинг врз обвинителите и судиите“

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryp1m9gm5m45qc1KV0XOU

(Видео) „Платата што ја имам не е доволна, но тоа не е причината за кандидатурата“: вели јавната обвинителка Раичевиќ

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања