Промени тема
Контакт

(ВИДЕО) Колева се фали со силна финансиска помош во време на криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

„Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за поддршка на граѓаните и домашната економија. Пакетот од 26 мерки вредни 400 милиони евра е во насока на заштита на стандардот на граѓаните и помош на компаниите да ја задржат својата ликвидност и конкурентност“, вели Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Таа додава:

„Благодарение на овие мерки, денес горивата во Северна Македонија се најевтини во регионот.

Преку пакетот мерки веќе со мартовската пензија ќе започне исплатата на дополнителни 1.000 денари за пензионерите и таа ќе трае во следните три месеци.

Идентична помош ќе добиваат и околу 36.000 семејства приматели на гарантирана минимална помош.

— реклама —

Освен за граѓаните, сериозна поддршка е предвидена и за домашните компании, особено преку Развојната банка како што се:

Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година.

Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната Банка.

— реклама —

Финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства., како и користење на Гарантниот фонд преку Развојната Банка на Северна Македонија.

Сите овие мерки, како и претходните даваат реални и видливи резултати. Во време на криза растат платите, минималната плата расте на 18.000 денари а стапката на невработеност е под 16 отсто.

— реклама —

СДСМ преку институциите што ги предводи продолжува со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните и стабилна и развојна економија“.

Линк до видео:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања