„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Колку дивоградби има на струшкото крајбрежје? Мерко тврди: ниту една!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Google-Chrome-2

Среде летната сезона, на 18 јули, две вести од Струга стигнаа до целата земја. Дека лице од Велешта му се заканило на градоначалникот Рамиз Мерко, а потоа и дека Мерко и ги нуди на Владата сите ингеренции во урбанизмот и градежништвото.

— реклама —

Минатата недела во посета на Струга дојде комисија од неколку институции и експерти кои се задолжени за спроведување на препораките на УНЕСКО. Како домаќин и надлежен за градбите и урбанизмот ги придружуваше градоначалникот Рамиз Мерко.

— реклама —

Групата го разгледуваше крајбрежјето. За секоја забелешка, како овој монтажен објект за кој се сомневаа дека е диво поставен, го прашуваа градоначалникот и му сугерираа што треба да се направи. Мерко добиваше и забелешки, затоа што до патот покрај езерото е истурен камен, што ги штити блиските имоти.

— реклама —

iH4anLy_f_U

Да ама тоа не значи дека цела обала треба да е бетонирана со ѕид. Не, ама ѕидот не му смета. И тоа е природен ѕид. Не е толку природен. Каменот е природен, од тука е. Да ама природно е и вака да заплиска убаво во песок. Ова е наша негрижа, го фрлаа кога се правел патот… Дел од комисијата му сугерираше на градоначалникот и дека не е решен проблемот со подземните води.

При надоаѓање на самите води од реките погледнете кој дел би бил поплавен… Нема такви работи повеќе, Дримот е уреден… Ова е за подземните води…

-Во ред е и тоа…

-И ова е за самото крајбрежје од самото езеро…

-Од подигање на нивото поплавува на плажи

Рековме дека е потребно самата нивелација да се ревидира…

Имаме проблем со чистење на коритото на Дрим. Таму има испусни канали. Тие сите се запушени 40 години муљот се таложи. Ќе видиме дали можеме оваа година да го исчистиме за да го санираме градот да не лежи во вода.

Попатно нотираа и дива платформа.

Што ќе добие со овој метар и пол во вода?

Е затоа езерото му го одзело.

За дел од платформите во езерото, кои ги регистрира и комисијата, Мерко вели дека ќе бара решение. Го прашавме – дали ќе се уриваат сите?

Мислам не сите. Особено каде што е употребено повеќе

железо и покриви од железо итн. Да биде нешто од дрво или од природен производ. Да биде на некој начин еколошки заштитено езерото, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

ПОВЕЌЕ НА 360 СТЕПЕНИ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања