Со 15 гласа „За“ изгласан Константин Георгиевски за вршител на должност градоначалник на Општина Охрид.
Георгиевски го предложи советникот од СДСМ Ристе Буловски и тој беше единствениот кандидаст за вршител на должност до избори.
JCGMxddbfk0
„Ни најмалку не сум среќен што на овој начин треба да ја извршувам оваа функција“, со солзи во очите рече Георгиевски, и вети дека во целост ќе ја испочитува желбата на градоначалникот Стојановски и сите негови планови за Охрид.
