Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

(ВИДЕО) Костадинов: Без Договорот од Преспа нашето столче во НАТО не беше можно

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека се залагаат за поништување на Договорот од Преспа се дирекнта закана за нашето полноправно членство во НАТО, тоа ја загрозува интеграцијата во ЕУ и иднината на државата, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

— реклама —

— реклама —

Столчето во НАТО коешто не очекува е столче за Република Северна Македонија – 30 тата земја членка на Алијансата, на најмоќниот сојуз во светот.

— реклама —

Без Договорот од Преспа тоа наше столче во НАТО не беше можно.

Во период кога во Шпанија започнува последната ратификација на протоколот за наше членство во НАТО, ВМРО-ДПМНЕ се заканува со ревидирање односно поништување на Договорот од Преспа.

ВМРО-ДПМНЕ треба да објасни зошто се овие закани против Договорот, зошто се овие закани против нашето членство во НАТО?

Затоа што ако нема Договор од Преспа-нема ниту членство во НАТО.

Јасно е, сите што заговараат укинување на Договорот заговараат и поништување на членството во НАТО што е директна опасност за државата.

Ставовите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се неодговорни, антидржавнички и спротивни на стратешките цели на државата.

Но затоа, тука е целата демократската јавност во нашата земја, тука e СДСМ, заедно со сите политички и граѓански демократски капацитети да гарантираме дека Договорот од Преспа ќе создава иднина за нашата земја – таа иднина значи членство во НАТО, преговори за членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет.

Нема да дозволиме враќање чекор назад, како што посакуваат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, Република Северна Македонија продолжува напред на прав пат, кон НАТО и ЕУ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

фото и видео: СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања