„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Костадинов: Еве како како Мицкоски испумпувал пари од граѓаните од ЕЛЕМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
2_3_2020_izjava_Kostadin_Kostadinov

— реклама —

Додека граѓаните плаќале за 100% повисока цена на струјата поради Христијан Мицкоски, најнеспособниот директор на ЕЛЕМ народните пари расипнички, криминално ги раздавал на лица од ВМРО-ДПМНЕ. Скандалот поврзан со извршителот Мицкоски покажа како преку Договори за адвокатски и советодавни услуги народните пари ги исмпупувал за да завршат кај Панче Тошковски, негов пријател од ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

— реклама —

Првиот Договор Мицкоски го склучил во 2016 година тежок 1,6 милиони денари за две години. Само по 5 месеци, во март 2017 Мицкоски склучил нов Договор, вреден нови 8.850.000 денари, за адвокатски услуги.

Само со овие два договори, за пет месеци, извршителот Мицкоски му обезбедил на Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ, 170.000 евра, пари на граѓаните!

Еве ги почитувани дел од исплатите кон Тошковски обезбедени од извршителот Христијан Мицкоски.

Само на оваа картичка, се гледа исплата на 2 милиони 655 илјади денари кон партискиот другар на Мицкоски, Панче Тошковски.

Еве почитувани како извршителот Мицкоски на расипнички и криминален начин парите ги вадел од ЕЛЕМ и ги давал на негови партиски другари.

Тоа се криминалните шеми на Груевски, граѓаните да осиромашуваат а да се полнат џебовите на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски и Тошковски се противат на Законот за јавно обвинителство, затоа што и тие самите се заглавени во криминалните шеми на нивниот шеф во Будимпешта, Никола Груевски.

Молкот нема да му помогне на извршителот Мицкоски за овој скандал.

Сите документите што ги добивме и коишто се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции.

Со усвојувањето на Законот за јавно обвинителство создадени се сите услови за надлежните институции да делуваат и да донесат правда.

Никој, па ниту Груевски и Мицкоски ќе се спасат од одговорност.

Освен со правдата, Груевски и извршителот Мицкоски на 12 април ќе се соочат со нов пораз од граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

фото и видео : СДСМ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања