„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Костадинов го повика претседателот Иванов да го образложи вработувањето на Анастасија Илиеска и нејзините роднини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_4007

Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам.

— реклама —

Кабинетот на Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Денеска ќе објавиме еден актуелен случај.

— реклама —

Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.

Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.

Станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.

Освен нејзината ќерка, во државна инситуција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, поточно во Централен регистар во Прилеп.

Го повикуваме Ѓорѓе Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиевска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизамот.

Христијан Мицкоски да не чека, да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор. Да ја повика членката на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Иванов, Анастасија Илиеска, нека ги повлече своите роднини од државниот сектор.

Ајде да го пресечеме јазолот на непотизам создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт.

СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизацијата. Веќе се случија и повлекувања на вработени роднини на функционери.

Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот.

Најавуваме дека ќе поднесеме претставки до Државната комисија за спречување на корупцијата за овој, но и се сите останати случаи на вработувања на роднини на функционерите на ВМРО- ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

QkavGhNYvnI

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања