„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Костадинов: Jасна е поврзаноста на Атанасовски со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, затоа го бранат криминалот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Kosta-press

Пополека се одмотува мрежата, се отплеткува клопчето околу нарачателите и извршителите на насилството од 27 април. Сведочењата во рамки на транспарентниот судски процес го откриваат монструозниот план што требало да се спроведе, овде, во Собранието. Нарачан и планиран од структури на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

— реклама —

oNNJPisPbnU
— реклама —

„Поранешниот прв човек на УБК, Владимир Атанасовски, повеќе обвинети во процесот за 27 април директно го посочија како организатор и соучесник на монструозните планови за убиства на политичари, линч на новинари, палење и уништување на автомобили и домови на пратеници.

Истиот тој Владимир Атанасовски, според јавно достапни информации во медиумите, е советник за безбедност на антизападниот пион Христијан Мицкоски.

Пред неколку месеци Христијан Мицкоски го пратил токму Атанасовски овде, во Собранието, да нуди решенија за реформа на системот за следење на комуникациите, во рамки на работата меѓу партиите за усогласување околу законските одредби.

Очигледна е поврзаноста на Атанасовски со антизападниот Христијан Мицкоски и актуелното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Ете затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа повикува на протести и блокади, затоа бара амнестија за нарачетелите и извршителите на насилството“, изјави Костадинов.

Според него, Мицкоски единствено сака да ги спаси од одговорност неговите најблиски соработници и неговиот ментор, криминалецот Никола Груевски.

„Последните случувања во процесот за 27 април покажуваат зошто не смее да има амнестија за нарачателите и извршителите на насилството.

Ова е уште една потврда дека треба да се направи разлика помеѓу оние кои свесно, со умисла организирале, нарачале и извршиле насилство од оние кои не извршиле насилство и биле заведени“, вели Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања