Денеска мнозинството пратеници предводено од СДСМ во Собранието не го прифати предлог законот за Амнестија предложен од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за насилствата во Собранието од 27 април, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„ВМРО-ДПМНЕ бараше за мрачните случувања против демократијата и против граѓаните да бидат ослободени од одговорност сите насилници. Тоа е недозволиво.
Ставот на пратениците од СДСМ е јасен: Одговорност за насилството на 27 април мора да има.
Не смее и не може да има амнестија за оние коишто планирале, нарачале и извршиле насилство на 27-ми април“, вели Костадинов.