Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

(ВИДЕО) Костадинов: Од една страна СДСМ бара и нуди решенија против непотизам, од друга страна молк во ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_3906

Од една страна СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизација, се случија и повлекувања на роднини на функцинери од работни места, од морални и етички причини. Од друга страна молк во ВМРО-ДПМНЕ. Молчат оние што го создадоа непотизмот низ годините наназад, кои ја наполнија администрацијата и создадоа партиски и роднински јазли истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Тој додава: Мицкоски молчи, не го повика својот братучед да се повлече од работното место во ЕЛЕМ турс. Не ги повика ниту снаата, вујкото, братучедот, братучедтката и зетот на Милошоски да се повлечат од работните места во администрацијата. Молкот во скапоцениот дворец на ВМРО-ДПМНЕ мора да прекине. Затоа што симболот на непотизмот е токму овде, од овој дворец извира се она што 11 години ја уништуваше нашата татковина и нашето општество.

Затоа што не се само Мицкоски и Милошоски примери за непотизам, има уште многу функционери на ВМРО-ДПМНЕ чии најблиски роднини за 11 години добиле работни места платени со пари на граѓаните.

— реклама —

Пратеникот Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден пример во низата. Речиси сите поблиски роднини на Стевананџија се вработтени во државни инситуции кои се финансираат од Буџетот, од парите на граѓаните.

- Сопругата на пратеникот Димитар Стевананџија, Јулија Стевананџија е вработена во здравствениот дом во Прилеп.

- Марија Адамческа, сестра на Стевананџија е вработена во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

— реклама —

- Неговиот вујко, Јоска Матески, е вработен во Апелациониот суд во Битола.

- Тетката на Стевананџија, Соња Костоска, е вработена во Основниот суд во Прилеп.

- Неговата братучедка Емилија Матеска пак е вработена на Универзитетот Климент Охридски во Битола.

— реклама —

Ајде Мицкоски, не молчи , повикај против непотизам! Покажи дали имаш образ!

Тргни од себе Мицкоски, повикај да се повлечат твоите роднини.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија нека ги повлечат своите роднини од државниот сектор.

Време е да почне повлекувањето на роднините на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, во име на борбата против непотизмот, вели Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања