„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Костадинов: Поврзаноста на Мицкоски со Миленко Неделковски потврдува, нема ништо сменето во ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Кај раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион Христијан Мицкоски присутна е идентична матрица од претходното раководство предводено од осудениот криминалец Никола Груевски, изјави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

— реклама —

xY9UZyfee_g
— реклама —

„Мицкоски, исто како Груевски спроведува деструктивни политики, се обидува да ги закочи процесите за ЕУ и НАТО, работи против интеграција на Македонија во најмоќните демократски сојузи на светот.

Како потврда дека ништо суштински не е сменето се луѓето од неговото опкружување но и истите гласноговорници на тие деструктивни политики против НАТО и ЕУ.

Еден од овие гласноговорници е Миленко Неделековски.

Она што е заедничко за Мицкоски и Неделковски e што и двајцата добиле државно земјиште од владата предводена од Никола Груевски. Мицкоски за да го почне бизнисот со хидроцентрали, додека фирмата на братот на Неделковски за чување кози за кои добивал десетици илјади евра годишно како субвенции од државата“, изјави Костадинов.

Според него заедничко за Мицкоски и Неделковски е тоа што и двајцата отворено работат против ЕУ и НАТО и учествуваат на протести за одбрана на криминалот на Груевски и соработниците.

„Неделковски освен што ги поддржа протестите на Мицкоски, јавно порача дека посакува Македонија да се распадне и да пропадне.

Дали и Мицкоски се надева на пропаст на Македонија нека ценат граѓаните.

Тоа што Мицкоски исто како и неговиот ментор Груевски ги користи деструктивните услуги од Неделковски, човек којшто со години шири лажни вести и говор омраза кон граѓани и новинари, човек кој поттикнува меѓуетничка и меѓучовечка омраза кажува многу“, вели Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања