„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Костадинов: Расте БДП, растат платите, се намалува невработеноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_1828

Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. Растот на економијата, растот на БПД од 3 отсто во третиот квартал од оваа година потврдува: економијата е стабилизирана, расте, се движи во вистинска, нагорна линија, изави Костадин Костадинов на денешната прес-конференција.

— реклама —

Zgv2uuWs7ms
— реклама —

„Граѓаните може да очекуваат дека ова придвижување и обезбеден раст ќе допринесе за дополнително потикнување на економијата, за поголемо производство и отворање на нови и подобро платени работни места.

Се намалува и невработеноста. Стапката на невработеност во третиот квартал во 2018 година изнесува 20,8 отсто. (На крајот на 2017 година стапката на невработеност била 22,4 отсто).

Третиот економски параметар е растот на платите.

За период од две години, просечната плата бележи раст од над 2.000 денари.  Тоа значи повеќе пари за работниците, повеќе пари во семејството, кај граѓаните.

Паралелно со растот на платите, растат и пензиите. Просечната пензија во 2018 година е за околу 1.400 денари повисока во однос на просечната пензија во 2016 година“, вели Костадинов.

Тој додаде и дека ваквиот тренд на зголемување на расположливиот доход за домаќинствата ќе продолжи и во следната, 2019 година.

„За пет отсто повисока плата добиваат вработените во здравството, образованието, судството, детските градинки, одбраната, полицијата, културата. 10 отсто зголемување ќе добијат докторите специјалисти.

Со рефрмата на системот за социјална заштита корисниците на соцјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош, а околу 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток.

Обезбедуваме социјална правда за финансиски најзагрозените сограѓни.

Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

Преку чесен и домаќински пристап, обезбедуваме економски раст и повеќе пари кај граѓаните. Се грижиме за подобра живејачка на нашите граѓани и социјалната праведност“, изјави Костадинов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања