Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Ковачевски – Варадкар: Северна Македонија треба побрзо да ги почувствува придобивките од членството во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на маргините од третиот Самит на Европската политичка заедница, во Гранада, Шпанија оствари средба со премиерот на Ирска, Лео Варадкар.


— реклама —

[embed]

gfXeGo8DQcM[/embed]


Како што соопштува владината прес-служба, на средбата биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави, кои се без отворени прашања, како и заинтересираноста за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката меѓу Северна Македонија и Ирска во сите домени од заеднички интерес, пред сè на економски план.


Премиерот Варадкар истакна дека Ирска цврсто ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, и воедно е меѓу најголемите поддржувачи на политиката на проширување на ЕУ. На средбата од страна на ирскиот премиер беа посочени придобивките кои Ирска ги има како земја членка на ЕУ, истакнувајќи дека таквите придобивки важни за напредок и развој треба да ги почувствуваат и останатите земји. Во таа насока Варадкар посочи дека Северна Македонија веќе предолго чека на тој пат.



Соговорниците разменија мислења за актуелните политички случувања во земјата, во контекст на промената на Уставот, пришто беше заеднички потврдено дека тоа ќе претставува практично придвижување на Северна Македонија на европскиот пат, се додава во соопштението од прес-службата на Владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања