Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Ковачки: Од автоматско оружје пукаат и други лица во присуство на челници на СВР Битола, оружјето не е најдено, ниту сите пукачи се повикани во полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

„Оливер Спасовски мора итно да понесе одговорност. Кој стигне пука од огнено оружје и го загрозува јавниот ред и мир, а МВР молчи. Денеска ќе објавиме втор дел од видеото, на кое се гледа дека не само командирот туку и други лица пукале со автоматското оружје во Ропотово. Автоматското оружје од кое е пукано сѐ уште не е пронајдено“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.


— реклама —

[embed]

5z9Vi_rEnKg[/embed]


„Значи, оружјето не е пронајдено, а ова лице воопшто не е ниту повикано на разговор во станица. Со цел да се забошоти случајот со предизвикување општа опасност од страна на командир на полиција, на други полициски службеници и воени лица, како и цивили што пукале со автоматско оружје, кое сѐ уште не е пронајдено, го објавуваме видеото од лице што мора да биде сослушано и да каже од каде му е и каде е автоматската пушка? Службена ли е – полициска ли е, како може автоматско оружје да се најде во раце на лице што можеби и не е полицаец?


Според информациите доставени до нас од страна советник на министерот Спасовски, кој е вработен по неуспешниот обид да стане градоначалник, дадена е насока да се направат пропусти во случајот и тој да се забошоти“, рече Ковачки.


„Да потсетиме, на настанот имало присутно лице од најтесното раководство на СВР Битола и ова лице, наместо да го спречи или пријави настанот, го прикрил!


Сакајќи да ги покријат неспособноста и аздисаноста во МВР, Оливер Спасовски и неговите советници, откако реагираа постфестум со демек расчистување на настанот, а по принципот – секое чудо за 3 дена, мислат дека ова ќе се заборави.


Министре Спасовски, од институцијата МВР направите пародија. Не може Вашите партиски и коалициски приоритети да Ви се пред безбедноста на граѓаните“, додаде Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања