Македонскиот спортист Кристијан Бајовски испиша историја, откако успеа да го собори светскиот рекорд во стриктни склекови со дополнителни 10 килограми.
Бајовски изведе неверојатни 1.257 повторувања, со што официјално обезбеди место во Гинисовата книга на рекорди и ја претстави Македонија на светската спортска сцена на најдобар можен начин.
Овој исклучителен успех е резултат на долгогодишна работа, огромна посветеност, дисциплина и истрајност, а воедно претставува и доказ дека со напорна работа можат да се поместат и границите на човечките можности.
Подвигот на Бајовски предизвика голем интерес и восхит во јавноста, а неговото име сега ќе биде запишано меѓу светските рекордери во Гинисовата книга на рекорди.
Честитки до Кристијан Бајовски за овој историски успех и за достојното претставување на Македонија.