„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) Кучиња од расата Кане корсо оставени да умрат на плац

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
47796006_506139849793355_2908708760891424768_n

Злоставени, изгладнети, болни, оставени да умрат – снимки од врвна одгледувачница на расата Kaне корсо во Македонија, oбјави здружението за заштита на животни, Анима мунди.

— реклама —

https://www.facebook.com/AnimaMundiMacedonia/videos/506138903126783/

„Зад приказните за врвни легла и одбрани раси, ова е вистината која најчесто нема да ја дознаете и скапата цената која ја плаќаат животните! Снимките се направени на плацот на В.К, кинолошки судија и познат одгледувач на расата Кане корсо, кој неретко се кител со медали за своите примероци. Ова е она што го добиле животните за возврат.

— реклама —

Снимките се објавени од руски државјани кои биле на плацот со цел да воспостават соработка со одгледувачот.

Измет, мрши, мали кучиња кои дословно умираат пред камера, возрасни примероци, запуштени, изгладнети и болни, услови во кои и лаик би констатирал крајно злоставување и нехуманост, амбиент од кој и на нечовек ќе му се згади.

Ваквите приказни не се ислучок туку се почеста реалност и ова се случува тогаш кога животните вредат толку колку им е пазарната вредност. Ветеринарните нспектори наместо да „ловат“ и казнуваат хумани граѓани кои привремено згрижуваат животни (ги казнуваат за немање чипови кај сите – иако знаат дека се згрижени привремено и бараат дом, приказни немате здравствена книшка и слично) со ова треба да се занимаваат, истражуваат; ова треба да го превенираат и спречат, тука треба да наплаќаат казни и изрекуваат забрани за било каква дејност која понатаму би вклучила контакт со животни. За вакви грозоморија во нормални земји се изрекува казна затвор, но ние сме Македонија“-велат од Анима мунди.

Оттаму тврдат дека за овој случај знаат кинолози, трговци на раси…, се шушка, никако не се зборува јавно и секако не се превзема ништо. Поради големата љубов кон животните! Одгледувачот си заминал од плацот, животни повеќе таму нема.

„Законодавството ни е такво да секој кој има желба може да отвори одгледувачница, заработува многу и пред никого да не одговара. Регистар/евиденција на одгледувачници нема, легла одат и над 1000 евра примерок, женските примероци служат како фабрика за нови и нови, несоодветните репрезенти на расите завршуваат на улица или со смрт. По улиците и стационарите врие од лабрадори, хаски, ротвајлери, шарпланинци, кои за трговците или оние кои ги купиле повеќе не вредат ништо, хумани граѓани и активисти им ги гледаат гревовите.

БАРАМЕ ИТНО регулирање на дејноста, дефинирање на условите, настроги контроли и казни за секој кој неовластено размножува и продава кучиња. Доста ни е од злоупотребите и профитот на грб на животните ИНСИСТИРАМЕ НА ТЕМЕЛНА ИСТРАГА НА ОВОЈ СЛУЧАЈ И ОДГОВОРНОСТ ЗА СЕКОЕ ЕДНО МАЧЕНО И УМРЕНО/УБИЕНО КУЧЕ!“-стои во соопштението од Анима мунди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања