Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Кузеска: Членство во ЕУ значи подобар животен стандард и силна економија, тоа е патриотизам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


— реклама —

Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, во рацете на македонските пратеници е одговорноста за европска иднината на државата која значи економски напредок, поголем животен стандард, поголеми плати и подобри услови за бизнис.


— реклама —

Затоа и граѓаните, како што вели, го поддржуваат членството во ЕУ, над 80% од нашите граѓани сакаат да бидеме дел од Унијата затоа што пред сѐ значи економски развој, повеќе пари за народот и подобар живот.


[embed]

DpkfphxF6XY[/embed]

„Изолацијата и неизвесноста, држењето на земјата надвор од ЕУ ќе има директна штета по економијата и стандардот на граѓаните. ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач. Досега, ЕУ има инвестирано преку 3,3 милијарди евра од првиот ден на нашата независност. Забрзувањето на европскиот процеси денеска за нашата економија и за нашиот народ ќе значи 11 пати поголема финансиска помош од фондовите по глава на жител утре. Ние како држава досега имаме искористено околу една милијарда од ИПА фондовите, додека Хрватска како земја членка за 10 години има искористено дури 25 милијарди евра. Тоа е разликата“, соопшти Кузеска.


Дополнително, според неа, економиите на земјите кои станале членки на ЕУ во првите 5 години имаат исклучително позитивни стапки на економски раст.


„Растот на платите на работниците пак во првите пет години по зачленувањето во ЕУ е огромен кај сите земји кои станале членки. Ова е директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за семејните буџети и подобар животен стандард која неминовно се случува. Сето ова ДПМНЕ сака да го блокира, со што работи на директна штета на стандардот на народот. Тоа ние нема да го дозволиме“, вели портпаролката на СДСМ.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања