Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Кузеска: Две години локална власт на ДПМНЕ, нула резултати, Скопје е пример за тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

После две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Проектите кои ги ветуваа не се реализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа книги на лаги, на лажни и нереализирани ветувања, истакна на денешната прес-конференција портпаролкта на СДСМ Богданка Кузеска.

— реклама —

Мицкоски и ДПМНЕ, додава таа, не ја оправдаа довербата и не го испорачаа она што го ветуваа пред граѓаните.

 

— реклама —

[embed]

V7UIgsrAU_4[/embed]

„0 резулати, безброј нереализирани изборни ветувања и поголеми сметки за граѓаните, за данок на имот и до 300%, но и за ѓубретарина, вода, комунални услуги.

Тоа е поразителниот заклучок после 2 години локална власт на ДПМНЕ.

Скопје е еклатантен пример за тоа.

Клучното ветување за бесплатен градски превоз во Скопје го нема и нема ниту да се случи. Ги нема ниту ветените 250 еколошки автобуси, нема ниту модерен еколошки транспорт.

Истото е во останатите општини кои се под капата на ДПМНЕ“, вели Кузеска.

Според неа, во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, не се реализирани ветувањата, нема капитални проекти, нема развој, резултати нула.

Општините, како што оценува, се дават во нечистотија и смет, а градоначалниците на ДПМНЕ згора на се ги задолжуваат граѓаните и трупаат нови долгови.

„Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.

Иста е ситуацијата во општините под капата на ДПМНЕ низ републиката каде се зголемени сметките за граѓаните.

Градоначалниците на ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните и во Прилеп, во Штип, во Охрид, во Битола, Неготино, Гевгелија, Велес. До 300% поголеми сметки плаќаат граѓаните поради локалната власт на ДПМНЕ.

Додека градоначалниците од ДПМНЕ се шетаат со скапи часовници“, истакнува таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања