Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

(Видео) Кузеска: Мицкоски да одлучи дали е за ЕУ или за изолација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, очекува потег од Христијан Мицкоски откако министрите од ДУИ поднесоа оставки, кои ќе се ефектуираат ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат за уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Кузеска вели дека сите услови кои ги поставил Мицкоски за ДПМНЕ да поддржи уставни измени се исполнети, вклучително и Влада без ДУИ.

— реклама —

„Ставајќи го државниот пред партискиот интерес СДСМ и ДУИ покажуваат одговорност кон врвната стратешка цел, а тоа е европската иднина на земјата и сите наши граѓани“, изјави Кузеска.

[embed]

— реклама —

Таа вели дека уставните измени се влезени во собраниска процедура, јавно се објавени и откако нивната содржина е јавно достапна, никој, па вклучително и Мицкоски нема ништо против таквите измени.

„Сега, на потег е Христијан Мицкоски да докаже дали има државнички капацитет, дали му е важна европската иднина на земјата или се грижи само за својата фотелја во Белиот дворец“, рече портпаролката.

СДСМ не отстапува од одлуката за уставните измени, со став дека членството во ЕУ е врвна стратешка цел на мнозинството граѓани и за иднината на државата.

— реклама —

„Еве уште една шанса за Мицкоски и ДПМНЕ кои со глас за Европа во македонското Собрание можат да покажат дека навистина се за европската агенда, дека европската агенда е и македонска, наместо само да кочат и блокираат“, додаде Кузеска.

Таа побара од Мицковски да одлучи дали ќе гласа за ЕУ или за изолација на државата.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања