Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(ВИДЕО) Лазов до градоначалникот на Велес: Ќе поднесете ли кривична пријава за сторениот криминал?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Kiril-Lazov

Деновиве можевте да видите и слушните уште една дволичност на актуелниот градоначалник Аце Коцевски кога невешто се обиде да ги ескивира фактите и аргументите за пречинатиот криминал и штета по општинскиот буџет од страна на екс раководителот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Парк спорт на кој ВМРО-ДПМНЕ благовремено укажа, изјави Кирил Лазов од ВМРО-ДМПНЕ на денешната прес-конференција.

— реклама —

„Затоа почитуван Коцевски во оваа прилика ќе ви поставиме уште неколку прашања?

— реклама —

Зошто речиси повеќе од една година на седниците на Советот не беше спомнат ниту збор за ова јавно претпријатие?

Кој ја контролираше работата на ова јавно претпријатие кое е под ингеренции на општината?

Зошто дозволивте за целиот период ЈП Парк спорт да нема управен одбор, други органи на контрола, правилник за распределба на плати и слично?

Зошто навреме не проверивте каде, како и зошто се исплаќаат илјадници денари на граѓаните даночни обврзници на име на непостоечки адвокатски услуги“, вели Лазов.

Тој прашува дали навреме ќе ја прифати лично одговорноста за овој скандал и ќе поднесе кривична пријава за сторениот криминал?

„Многу лесно сакате да помините за овој скандал, за кој вина сносите и Вие како најодговорен за работата и контролата на јавните претпријатија кои се под ингеренции на општината.

Наместо да ни попувате и делите совети, редно е да ги засукате ракавите и од демагогија да премините во пракса. Граѓаните се уморни од вашите оправдувања Коцевски.

Ако од дрвото не ја гледате планината тоа е ваш проблем, граѓаните на Велес не се толку наивни, не ги потценувајте.

Тие даночните обврзници се должни да знаат каде и како отишле нивните пари во нечии џеб а за тоа никој да не одговара.

Прагот на толеранција одамна го поминавте. Не е добро да ја замајувате јавноста Коцевски, за сите ваши манипулации граѓаните ќе ве казнат и тоа во првата дадена прилика“, вели Лазов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања