„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

(ВИДЕО) ЛДП: Апелираме сите пратеници да се охрабрат и приклучат на визијата за европска Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Capture-3

„Собранието на Република Македонија, донесе историска одлука која што не носи чекор поблиску до остварувањето на нашата визија –  за силна и стабилна држава членка, на клучните меѓународни организации“, вели Моника Зајкова од ЛДП.

— реклама —

HZCpwq_URx8
— реклама —

Според неа, поддршката од 80 пратеници,  која што ја  доби Предлогот за пристапување кон промена на Уставот, е преточување на волјата на граѓаните, кои на референдумот јасно и во огромно мнозинство дадоа поддршка за европска Македонија.

„Либерално - демократската партија е одлучна за иднина која гарантира перспектива за сите,  а особено за младите луѓе, кои  до неодамна овде во Македонија не гледаа шанса за напредок и развој.  Наша единствена цел е да обезбедиме подобар животен стандард за сите граѓани , како и гаранции младите да не се иселуваат  во странство, но да градат просперитетна иднина тука, во Република Македонија. Македонија тргна напред! Патот кон европска, просперитетна и безбедна иднина е отворен“, изјави Зајакова.

Таа додава дека, предолго бевме заложници на структури кои единствено мислеа и се залагаа за остварување на личните и партиски цели.  Време е да се обединиме и заеднички да се спротивставиме на сите кои и понатаму сакаат да ја држат оваа земја заробена во минатото. Одлуката што пратениците ја донесоа, за отворање на европскиот пат претставува  силна порака за обединување на сите прогресивни сили во општеството.

„Либерално - демократската партија апелира во периодот што следува сите пратеници да се охрабрат и  приклучат на визијата за европска Македонија.

Сите ние заедно, со поддршка на граѓаните ќе го изодиме овој пат, за Македонија да ја видиме рамо до рамо со сите светски и европски сили во Европската унија и НАТО“ рече Зајакова.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања