(Видео) Ледената Македонка се подготвува за експидиција - вчера влезе под ледот во Ротинското Езеро

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Магазин

Себеси се нарекува „ледена Македонка“ или „ледена кралица“, а сите ја познаваат како Бетика која влегува и во ладни води чија температура оди до -34 степени. Вчера, Бетика имала нов предизвик, односно подготовка за нова експидиција. Откако со моторна пила, нејзиниот татко го извади ледот во Ротинското Езеро, во националниот парк „Пелистер“, таа влезе во ледената вода.

— реклама —

„Утрово се спремав за претпоследните тренинзи пред експедицијата,татко ми го пиеше утринското кафенце и ме праша:

— реклама —

а да дојдам и јас можит? Потскокнав од радост, секако реков спремај се. П.с. Тато мразит ладно,посебно на стапалата. Секој си го спреми ранчето и тргнавме. Па се погоди и денот,денеска беше еден прекрасен сончев ден пополека се приближувавме до Ротинско езерце,се сместивме. Јас почнав со припреми, почна аклиматизацијата, почнав со дишење, ги замижав очите и влегов во мојот свет. А тато во позадина го пратеше секој мој чекор. Бликав од радости. Го осеќав неговото присувство и едвај чекав да се искапам. За момент се исклучив, не знаев што се случува во позадина.

— реклама —

Бевме само јас и мојот здив. Кога завршив со дишењето пополека ги отворам очите што да видам!!! Чаленце по шорц и маичка и волнени чорапи 🥹Царот веќе си ја нацртал скицата, па ме чекал за да ја запали моторката... Не можев да им верувам на очиве. Ова беше најубавиот тренинг во мојот живот!“, вели Бетика во дел од објавата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања