Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

(Видео) Лекарската грешка ќе ја докажува со пријава за убиство, охриѓанецот Блажески во нова битка за починатата ќерка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

— реклама —

Кривична пријава за убиство од небрежност е следниот чекор на Блаже Блажески, кој пет години талка по судско-здравствените лавиринти во обид да докаже дека лекарска грешка е причина за смртта на ќерката Елида Нестороска од Охрид. Таа почина во јули 2018 година со 61,48 единица шеќер во крвта откога во охридската болница ѝ биле дадени пет шишиња декстроза.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

[embed]

IO4rrIhTdjA[/embed]

„Јас сега ќе ѝ бапнам нова кривична пријава. Убиство од небрежност, член 126 од Кривичниот закон. Материјален надоместок не сакам. Сакам да се утврди вистината. Ако некој погрешил, да одговара, казна да му следува. Пари не сакам“, вели Блажески.

Освен кривичната пријава за убиство од небрежност, Блажески најавува дека ќе бара и меѓународна помош оти е разочаран од домашните институции.

„Нема негде кај што не сум пишал по десет пати. Не постои државен орган во Македонија. Илјада интервенции до бандитот Заев, бандит невиден. Ова е мојот придонес за да дојде на власт. Скапав од трчање“, се пожали Блажески.

Целата сторија погледнете ја во видеото.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања