На социјалните мрежи денес беше објавено видео од тепачка помеѓу вработени во јавно претпријатие.
Неофицијално станува збор за група вработени во ЈП „Паркови и зеленило“, кои се тепале во близина на скопската зоолошка градина.
На видеото двајца мажи се тепаат, по што едниот паѓа на земја, додека неколку лица се обидуваат да ги разделат.