„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВИДЕО: Љубомора е мотивот за шесткратното убиство во Загреб

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
zagreb-ubistvo-policija

Ова е куќата во Загреб во која синоќа е извршено шесткратното убиство. 36 годишниот убиец  Игор Наѓ од Вуковар во дворот прво ја ликвидирал својата бивша вереница Маја, а веднаш потоа нејзината мајка и сестра. Внатре во домот продолжил со масакрот. Со пиштол ги усмртил таткото  и десетгодишниот син на својата партнерка, како и и уште едно машко лице. Убиецот имал милост само за своето дете, 4 месечното бебе кое го имал од врската со Маја.  По неколку часови бегство, тој самиот си го одзел животот, во куќа 15 километри далеку од местото на злочинот.

— реклама —

Комшиите на убиеното смејство се изненадени од целиот случај, велат дека никогаш немало пријави за семејно насилство.

— реклама —

Сепак хрватските медими откриваат дека убиецот Игор Наг секогаш бил на работ на законот. Како избеглица од Вуковар, без родители, тој и брат му одвај составувале крај со крај. За да преживее станал таксист, а идната вереница ја запознал пред две години. Неговиот Фејсбук е преполн со фотографии од среќните денови со Маја и нејзинот син од претходната врска Паоло, момчето кое синока го убил. Полицијата се уште го испитува мотивот, но се шпекулира дека се работи за љубомора. Во неговото досие има само една пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања