(ВИДЕО) Локвенец: МВР и Спасовски денес го враќаат угледот и довербата во полицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
lokvenec1

ВМРО-ДПМНЕ е навиканто од Министерството за внатрешни работи да создава механизам за уцени, закани и конструирање на случаи против политичките неистомисленици и затоа чесната, професионалната и одговорната работа на МВР за нив е непозната категорија, истакна пратеникот од СДСМ и коалицијата, Хари Локвенец во своето обраќање на 86. Седница на Собранието на Република Северна Македонија, велат од СДСМ.

— реклама —

- Токму министерот Оливер Спасовски е тој кој што година и половина од кога е министер работи на тоа министерството и полицијата да ги врати во вистинската насока . Ако во минатото полицијата служела за одмазди и закани, за режирани апсења и случаи, за заташкување на кривични дела и за изборни нерегуларности,со што угледот на полицијата беше уништен, а граѓаните ја изгубија довербата во институциите, денес се работи за владеење на правото и функционирањето на правната држава.- рече пратеникот Локвенец Локвенец истакна дека интерпелацијата за Спасовски е неоснована и е крајно несериозен потег на опозицијата.

— реклама —

- Денес на неполни две години од доаѓањето на оваа влада се променија многу работи. Денес знамето на НАТО се вее пред македонската влада, денес не се зборува за меѓуетнички конфликти и дестабилизирачки сценарија, туку за глобални безбедности предизвици и справување со нив, зборуваме за успешноста на реформите, а не за злоупотреба на институциите. Сето тоа е напредок, а не уназадување - заклучи Локвенец.

— реклама —

L1mFNhxlDSA

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања