(Видео) „‘Луѓето умираат, испратете помош’: Француска телевизија објави аудиоснимки од повиците за помош при трагедијата во Швајцарија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 ден -

Свет
media-libraryej53alpv9r1k7KD6i2A

Француска телевизија објави вознемирувачки аудиоснимки од повици упатени до швајцарската итна медицинска служба за време на смртоносниот пожар во барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана, трагедија што се случи за време на новогодишната ноќ и во која загинаа 40 лица.

— реклама —

Снимките, објавени речиси еден месец по несреќата, го откриваат хаосот и паниката што владееле во критичните часови. За само час и половина, центарот за итни повици на бројот 144 примил вкупно 171 повик. Првите дојави биле регистрирани околу 1 часот по полноќ, а во гласовите на јавувачите јасно се слуша страв и очај.

„Ве молам, дојдете, итно е во Констелацион“, се слуша во првиот повик, додека во позадина одекнуваат врисоци. Во друг повик, жена во целосен очај моли за помош: „Гори, има повредени, мора да испратите екипи, премногу се повредените“.

— реклама —

Повиците продолжиле да пристигнуваат сè до 3 часот по полноќ. Многумина, во состојба на шок, со прекинати реченици се обидувале да ја опишат драмата што ја преживеале.

„Едвај извлеков жива глава. Мислам дека изгорев. Целиот Констелацион изгоре. Мислам дека моите пријатели останаа внатре“, сведочи еден од преживеаните, молејќи операторката веднаш да повика брза помош.

По масовните дојави, првите спасувачки екипи пристигнале на местото на настанот и се соочиле со исклучително тешка ситуација.

„Се наоѓам на местото на пожарот во Кран-Монтана“, јавил еден од првите спасувачи со задивен, но професионален тон. „Првична проценка: три лица со тешки изгореници“.

Во текот на ноќта, повиците овозможиле координација меѓу спасувачите на терен и болничките установи. Операторка од центарот 144 го известила дежурниот лекар за сериозноста на состојбата.

„Имавме експлозија, четири лица се загинати и најмалку триесет се повредени“, му соопштила. „Го активираме планот за катастрофи“, одговорил лекарот без двоумење.

Во меѓувреме, повиците станувале сè подраматични. Сведоците барале итна дополнителна помош и воздушна евакуација.

„Испратете хеликоптери, луѓето умираат. Има лица со тешки изгореници, без кожа“, предупредувал еден од јавувачите.

Ужасот бил дополнет и со повици од членови на семејства кои, откако дознале за пожарот, очајно се обидувале да дознаат што се случило со нивните најблиски. „Нашата ќерка беше таму, немаме никаква информација“, рекол татко во еден од повиците. Операторката немала одговор. „Не можам да ви кажам каде е вашата ќерка ниту дали била таму“, му соопштила смирено, додавајќи дека немала дополнителни информации.

Истрагата е насочена кон утврдување кривична одговорност за смртта на 40 лица. Обвинети се четири лица, меѓу кои сопственикот на објектот, управителот на барот, електричарот кој ги изведувал работите на инсталациите и општински инспектор задолжен за безбедносните контроли.

Тие се товарат за убиство од небрежност и тешко кршење на безбедносните прописи, откако првичните наоди покажале дека објектот немал функционален систем за противпожарна дојава, ниту соодветни и проодни излези за евакуација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library41qk0vkelm9le3dXi8e

Шарли ебдо објави карикатура за пожарот во Кран-Монтана: Наиде на бран огорченост и кривична пријава

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања