Камера за ноќно снимање регистрираше група мачки кои кратко време пред да се случи силниот земјотрес во Тајван се будат од сон и застануваат во исчекување.
Инаку силниот потрес од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го потресе Тајван, соопшти Централното биро за временски услови, дополнувајќи дека засега едно лица загина, јави ДПА.Земјотресот се случил во 5:28 часот (21.28 часот во среда) на длабочина од 22,5 километри, соопшти Сеизмолошката служба на Тајпеј. Епицентарот на земјотресот бил на 36,5 километри источно од Јилан, во источниот дел на Тајван, а потресот се почувствувал на целиот остров, се наведува во соопштение на владата. Повеќе од 10,000 семејства во северниот и источниот дел на Тајван останаа без електрична енергија. Жителите на главниот град Тајпеј кажуваат дека биле разбудени од паѓање на предмети и мебел во нивните домови.